Корисничко име Лозинка Пријави се
Одговорно обложување

Правила за одговорна игра и можности

  Обложувањето е, пред сè, вид на забава. Тоа е начин како да го „зачините“ следењето на натпреварот на својот омилен тим, внесувајќи дополнителен адреналин. Исто така, тоа е начин на следење на сите спортски настани со поголемо внимание и тоа да е статистички поткрепено. Но, морате да имате своја лична граница. Кога се обложувате, немојте да ја преминете таа граница. Немојте да преминете преку финансискиот праг кој го имате. Исто така, немојте да имате неумерени очекувања во врска со финансиската добивка со која можете да се стекнете во игрите на среќа. Обложувањето треба и мора да биде забава, а не начин на живот или професија со заработка од која би се очекувало финансиско издржување.

  Доколку сакате, можете да ја ограничите висината на уплатените суми во игрите на среќа, така што ќе го контактирате Sport Life – сервисот за корисничка поддршка преку е-пошта: support@sportlife.com.mk или на телефонскиот број: +389 77 728 333. Ние ќе ви објасниме.
На располагање ќе ви бидат следниве можности:
  • На одредено време можете да ги ограничите максималните износи на кои се обложувате
  • На одредено време можете да ги ограничите и влоговите во случај на загуба (максимална загуба)
  • Може да ја ограничите уплатата која ја вложувате за сингл натпревар
  • На неодредено или на одредено време можете да ја блокирате вашата корисничка сметка
Ве молиме да обрнете внимание дека измените на ограничувањата на висините на уплатите се можни дури по истекот на една недела од поставувањето на истите, освен доколку сакате да го продолжите времетраењето за блокада на вашата сметка или да ги ограничите уплатите на помала вредност. Тие измени исто така можете да ги потврдите така што ќе го контактирате Sport Life – сервисот за корисничка поддршка преку е-пошта: support@sportlife.com.mk или на телефонскиот број: +389 77 728 333.
Доколку увидите дека сте играле доволно долго, но сепак, и понатаму имате желба за обложување, компанијата Sport Life ви ја нуди следната можност:
  • Пауза (блокада) на вашата корисничка сметка од најмалку 7 дена додека се смират страстите
  • Блокада на сопствената корисничка сметка во времетраење од најмалку 6 месеци

   Доколку изберете една од овие две можности, за тоа времетраење нема да можете да се пријавувате на својата обложувачка корисничка сметка

   Ве молиме, контактирајте нè преку е-пошта на: support@sportlife.com.mk, за сите прашања поврзани околу поставувањата за одговорно обложување.