Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2016

Галатасарај во загуба од 164 милиони евра

Турскиот великан Галатасарај се соочува со казна од УЕФА и исфрлање од европските натпреварувања поради кршење на финансискиот фер-плеј.

Агенцијата Ројтерс наведува дека УЕФА би можела веќе овој месец да му забрани на тимот од Истанбул да игра на европски натпревари следната сезона поради преголемите загуби за време на трансферите.
„Нашите загуби се околу 164 милиони евра во последните три сезони. Ја поминавме границата на УЕФА, но ќе дадеме сè од себе да ја избегнеме казната“, изјави претседателот на Галатасарај, Дурсун Озбек.
Тоа ќе биде нов удар за турскиот фудбал, бидејќи Фенербахче во 2011 година поради наместен натпревар беше исфрлен од Европа на три години.
Галатасарај освои 20 титули како првак на Турција, 16 национални купови, 14 Суперкупови на Турција и УЕФА купот.

Најнови вести