Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2016

Отказ за Клемент во Дерби

Управата на Дерби Каунти му го врачи отказот на Пол Клемент и со некој друг ќе ја продолжи борбата за пласман во Премиер лигата.

„Овните“ се во серија од седум натпревари без победа, а последната капка во преполната чаша беше ремито на „Крејвен котиџ“ против загрозениот Фулам.
„За жал мораме да објавиме дека ја прекинавме соработката со Пол Клемент. Во потрага сме по нов менаџер и би требало да го именуваме до крајот на седмицата“, беше соопштено од Дерби.
Дерби во моментов е на петтото место во Шампионатот, пет бодови зад водечките Мидлсборо и Хал.