Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2016

Инфантино е новиот претседател на ФИФА

Со мнозинство гласови Швајцарецот Џани Инфантино е избран за нов претседател на ФИФА. Тој ова должност ќе ја извршува до 2019 година.

Инфантино е службеник на ФИФА од 1 октомври 2009 година, а вчера на конгресот на ФИФА беше избран за претседател и со тоа го наследи Сеп Блатер.
Имаше пет кандидати за местото претседател, Принцот Али Хусеин, Салман Бин Ибрахим Ал- Калиф, Жером Шампањ, Токио Сексвељ и Џани Инфантино.
„Ќе го вратиме угледот на ФИФА и сите ќе ни аплаудираат на тоа. Мораме да бидеме горди на ФИФА и мораме да се трудиме сите да бидат горди на неа. Сакам да работам со сите вас, со сите 209 членови“, изјави Инфантино по изборот.
„Мораме да му се вратиме на фудбалот. Фудбалот и ФИФА поминаа низ многу тешки и тажни времиња, но сега сето тоа е завршено. Мораме да извршиме реформи, да воведеме добро владеење и транспарентност. Но и почитување, кое ќе го повратиме со вредното работење“, додаде Инфантино.

Најнови вести