Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2016

Лестер остана без Канте

Лестер сити ја продолжува борбата за титулата, но во следните натпревари ќе биде значително ослабен.

Во минималната победа над Норвич минатиот викенд се повреди играчот за врска Нголо Канте.
Одличниот координатор на играта на тимот на Раниери се повреди 20 минути пред крајот на натпреварот, а момчето кого го споредуваат со Клод Макелеле ќе мора да паузира две седмици.
„Останавме без еден од подобрите играчи во тимот. Прогнозите се дека нема да закрепне за помалку од две седмици. Се надевам дека ќе успееме да го надоместиме неговото отсуство во следните натпревари и покрај целиот хендикеп кој го имаме да запишеме нови победи“, изјави Раниери.
Лидерот во Премиер лигата во денеска го дочекува Вест Бромич.

Најнови вести