Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2016

Јунајтед без 17 играчи на следниот натпревар во Премиер лигата

Луис ван Хал има проблеми со повредени фудбалери оваа сезона, но сега кризата го достигна врвот.

Холандскиот стручњак беше принуден шанса да им пружи на младите играчи од тимот, Маркус Рашфорд тоа го искористи на најдобриот можен начин покрај повредата на Антони Марсијал .
Сепак, еден од младите играчи Доналд Лав кој играше против Митјиланд минатата седмица, се здоби со повреда вчера играјќи за резервниот тим, па Ван Гал повторно мора да прави комбинација со изборот од младите играчи.
Јунајтед  утре во 21:00 часот ќе го пречека тимот на Ватфорд, а „Скај спорт“ наведе дека тој натпревар ќе го пропуштат дури 17 играчи, иако постои можност Марсијал да се врати во тимот.
На листата на повредени се: Донал Лав, Матео Дармијан, Фил Џонс, Ешли Јанг, Антонио Валенсија, Лук Шоу, Бортвик-Џексон, Вејн Руни, Сем Џонстон, Шон Гос, Крис Смолинг, Туанзебе, Маркос Рохо, Маруан Фелаини, Бастијан Швајнштајгер, Вил Кин и Антони Марсијал.

Најнови вести