Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2016

Пелегрини: Разликата е значајна, но...

Мануел Пелегрини не се откажува од борбата за титулата иако Манчестер сити заостанува десет бодови зад Лестер, 11 натпревари пред крајот.

Сити вчера доживеа дебакл на „Енфилд роуд “ од 3-0, па ова му е прв пат од 2008 година да биде во серија од три порази по ред во Премиер лигата.
„Се надевам дека во сабота ќе успееме да закрепнеме и да одиграме на нормално ниво. Секогаш зборував дека Премиер лигата ќе ја освои тим со 80 бодови помалку. Разликата во односот на првиот е значајна, но ние не размислуваме за другите тимови. Поразот од Ливерпул е значаен бидејќи имаме натпревар помалку, но нам не ни е доволно да играме нерешено“, изјави Пелегрини.
Сити овој викенд ќе игра против Астон вила, тоа е последно пласираниот тим во лигата кој доби само три од 28 натпревари оваа сезона, но ремизираше со „граѓаните“ без голови во ноември.

Најнови вести