Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2016

Гвардиола: Борба за титулата до последна секунда

Тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим го очекува тешка борба за титулата во Бундеслигата по ненадејниот пораз од Мајнц.

Мајнц славеше со 2-1 пред 75.000 навивачи на „Алијанц арената“ и им го нанесе на Баварците вториот пораз ова сезона.
По тој пораз, предноста на Баерн на врвот на табелата се намали на 5 бодови во однос на Борусија Дортмунд, која викендов ќе го дочека токму клубот од Минхен.
„Ниеден друг тим не ја освои Бундеслигата четири пати по ред. Борусија изгледа потполно поинаку во однос на претходните три сезони и нè чека борбата до последниот натпревар. Мораме да размислиме за следниот натпревар, а дуелот со Мајнц е јасен знак дека нема да ни биде лесно, ќе мораме да се бориме до последната секунда“, изјави Гвардиола.
Гвардила го коментираше и натпреварот со Мајнц, каде истакна дека неговите играчи не одиграа баш најдобро, но повторно имаа шанса за триумф.
„Не одигравме баш најдобро, но не сум тажен. Во второто полувреме, тие поставија бункер во својот шеснаесетник, но повторно имавме доволно шанса за победа. Не ги одбранивме добро нивните контранапади“, нагласи Гвардиола. 

Најнови вести