08.3.2016 Волфсбург брка прво осминафинале
Бундеслигашот се наоѓа во многу добра ситуација пред реваншот против Гент по победата на првиот натпревар од 3-2.
„Волците“ на „Фолксваген арената“ во Волфсбург ќе го бранат голот предност од гостувањето во Белгија и имаат убава шанса по прв пат во својата историја да се најдат меѓу осумте најдобри клубови во Европа.
„Како што реков и пред првиот натпревар, потребни ни се два добри настапи да се пласираме во следната рунда. Првиот дел од тој план го остваривме. Се наоѓаме во многу добра позиција и полни сме со самодоверба. Сепак, и понатаму ништо не е готово затоа што противникот ќе даде сè од себе за да го продолжи својот сон“, изјави тренерот на Волфсбург Дитер Хекинг.
Шефот на стручниот штаб на Гент изјави дека неговиот тим има шанси за пласман понатаму ако прв постигне гол:
„Направивме многу грешки во првиот натпревар и тоа сега треба да го сведеме на минимум. Тие се многу силен тим кој ретко губи на домашен терен. Тоа мораме да го имаме на ум за да сфатиме колку е тешка задачата која е пред нас. Сепак, чуда се случуваат во фудбалот понекогаш, а ако поведеме, кој знае што може да се случи“, изјави Ванхазебрук.