Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2016

Англија остана со 4 учесници во Лигата на шампионите

Сè е познато кога се работи за лигите кои за две сезони ќе имаат по четири учесници во Лигата на шампионите, сметајќи ги и квалификациите.

Веќе е познато дека трите првопласирани лиги по коефициентите на УЕФА на крајот од сезоната добиваат 4 места во Лигата на шампионите и 3 во Лигата на Европа за сезоната 2017/18, така што тотално е небитен распоредот меѓу нив.
Тоа пред почетокот на следната сезона ќе биде Шпанија, како првопласирана, Германија и Англија.
Примера, Бундеслига и Премиер лигата ќе имаат во сезоната 2017/ 18 по 4 учесници во Лигата на шампионите и 3 учесници во Лигата на Европа.
На Премиер лигата сè до вчерашниот ден ѝ беше загрозена третата позиција по коефициентот на УЕФА, но со испаѓањето на Јувентус Италијанците ги загубија сите шанси да ги стигнат Англичаните, дури и ако Лацио ја освои Лигата на Европа, па ќе мора да се задоволат со 3 екипи во Лигата на шампионите, исто како Французите и Португалците.
Сепак шансите за Италијанците значително растат за следната сезона, кога ќе се сметаат коефициентите за 2018/19. Се сметаат резултатите од последните пет сезони, а од пресметкиѕе испаѓа сезоната кога Англичаните беа доминантни и Челзи во финалето го совлада Баерн во Лигата на шампионите.

Најнови вести