Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2016

Ван Хал: Сега сè е возможно

Менаџерот на Манчестер јунајтед Луис ван Хал е горд на победата над Манчестер сити која го врати неговиот тим во борбата за Лигата на шампионите.

Јунајтед со голот на Маркус Рашфорд славеше по речиси три години на „Етихад“ и се доближи на бод до четвртопласираниот Манчестер сити.
„Одигравме одлично прво полувреме, освен голот имавме повеќе шанси, а не му дозволивме многу шанси на противникот. Оваа победа беше неопходна. Разликата од четири е намалена на само еден бод, а плус се изедначивме со Вест хем. Сега сè е возможно“, изјави Ван Хал.
„Црвените ѓаволи“ во следното коло по репрезентативната пауза ќе ја пречекаат екипата на Евертон, која е далеку и од Европа и од зоната за испаѓање.

Најнови вести