Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2016

Жил: Суарес е незапирлив

Одбранбениот играч на Бразил Жил пред дуелот со Уругвај во квалификациите за Светското првенство изјави дека напаѓачот на каталонците Луис Суарес е незапирлив.

Тој сепак нагласи дека тој и неговите соиграчи не смеат да се концентрираат само на ѕвездата на Барселона.
Суарес се враќа во репрезентацијата по суспензијата која ја одлежа поради гризнувањето на Кјелини на Мундијалот во 2014 година.
„Не постои начин да се сопре Суарес. Тој е одличен напаѓач, одличен играч. Важно е да се подготвиме најдобро што можеме. Не смееме да се концентрираме само на еден играч, туку на целиот тим“, изјави Жил.
Селекторот на уругвајската репрезентација, Оскар Табарес е задоволен што во тимот се враќа најголемата ѕвезда:
„Сигурно му навираат многу чувства, а наша задача е да го натераме да се концентрира само на фудбалот, а не на работите кои можат да му го нарушат мирот. Сериозни работи се случија, најмалку што можеме да очекуваме е тие да не се повторат“, изјави селекторот и додаде:
„Препознавам колку ни е важен нам тој како играч, дека на некој начин тој е симбол, но тој овде доаѓа да се приклучи на тимот. Ќе играме со силни тимови кои ќе дадат сè од себе да го сопрат, така што тој мора да биде свеж“, заврши Табарес.

Најнови вести