Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2016

Гард ја напушти Астон вила

Фудбалскиот клуб Астон вила и менаџерот Реми Гард спогодбено го раскинаа договорот, соопшти клубот од последното место на табелата на англиската Премиер лига.

Астон вила и Гард се разделија по разговорот на тренерот со клупскиот адвокат. Клубот од Бирминген одлучи да ги започне подготовките за следната сезона.
Францускиот стручњак оствари само две првенствени победи од ноември кога го презема клубот. Новиот управен одбор одлучи дека е веќе време за промени, додека пак тренерот исто така изрази подготвеност да замине по тешкиот период на клупата на клубот.
Гард беше разочаран во клубот, бидејќи управата не го поддржа во јануарскиот преоден рок, така што тој соопшти дека не гледа повеќе смисла да продолжи со работата.
Астон вила во соопштението му се заблагодари за соработката на Гард и го постави Ерик Блек за вршител на должноста до крајот на сезоната.

Најнови вести