Корисничко име Лозинка Пријави се
01.4.2016

Бентнер доби отказ од Волфсбург поради Мерцедес

Данскиот центарфор Никлас Бентнер доби отказ во Волфсбург по долгата низа на инциденти кои ги направи, објави тимот од Бундеслигата.

Волфсбург не можеше да му прости на Бентер на новото задоцнување на тренингот на екипата, а веќе го пушти да се врати во татковината.
Данецот и неговите застапници сè уште не постигнаа договор околу исплатата за прераното прекинување на соработката, бидејќи имаше договор до крајот на сезоната.
Контроверзниот напаѓач меѓу „волците“ пристигна во 2014 година, а наместо на теренот се истакна со прекршување на дисциплината во клубот, како што е споменатото доцнење на тренинзите, одбивањето на промоциите на клубот и дружењето со навивачите, а беше обвинет и за недоволно залагање.
На сето тоа, на социјалните мрежи објавуваше слики со автомобили од марката Мерцедес, конкурентот на Фолксваген кој е главениот финансиер на Волфсбург.
Бентнер во текот на кариерата играше за Арсенал, Бирмингам, Јувентус и Сандерленд.

Најнови вести