Корисничко име Лозинка Пријави се
07.4.2016

Хекинг: Во фудбалот сè е возможно!

Тренерот на Волфсбург по победата над Реал Мадрид со 2-0 во првиот натпревар од четврт-финалето во Лигата на шампионите е задоволен од својот тим и од постигнатиот резултат.

Германците славеа со головите на Рикардо Родиргез во 18 минута од пенал и Максимилијан Арнолд во 25-тата минута и имаат убава предност пред реваншот на „Сантијаго Бернабе“ во вторник.
“Кога изјавив дека Волфсбург планира да победи, не видов многу верба во вашите очи, но во фудбалот сè е возможно. Извојувавме победа над Реал Мадрид, тоа беше одличен натпревар, но пред нас има уште многу борба за пласман во следната рунда. Едно од изненадувањата кои му ги приредивме на противникот беше Бруно Енрике, кој одигра на врвно ниво. Многу рано успеавме да ги постигнеме двата гола и тоа ни отвори нови хоризонти, но знам дека Реал во реванш натпреварот ќе нè ’нападне’ со сите оружја, а ние мораме да се подготвиме за тоа“ порача тренерот на Волфсбург, Дитер Хекинг. 

Најнови вести