Корисничко име Лозинка Пријави се
07.4.2016

Зидан: Волфсбург не направи многу

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан е незадоволен од пристапот на својот тим на стартот на натпреварот во Германија.

Мадриѓаните неочекувано загубија од Волфсбург со 2-0, во првиот натпревар од четврт-финалето од Лигата на шампионите. 
„Не сум задоволен со развојот на натпреварот, посебно од првото полувреме, но тоа е кога не влегувате максимално во натпреварот. Кога нема интензитет во играта се случува ова“, изјави Зидан.
Реал двата гола ги прими во првото полувреме, домаќинот имаше уште неколку одлични шанси, додека Мадриѓаните беа речиси безопасни.
„Волфсбург не стори многу, но таквите работи се случуваат во фудбалот. Секој може да има лоша ноќ, но сè може да се промени. Имаме 90 минути да го надоместиме минусот и мораме да бидеме соединети во остварување на целта. Знаеме дека навивачите ќе бидат со нас“, додаде легендарниот Французин. 
Реванш натпреварот ќе биде на „Сантијаго Бернабеу“ на 12-ти април.

Најнови вести