Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2016

Ван Хал: Подгответе се за шоуто на Керол

Менаџерот на Манчестер јунјатед Луис ван Хал им порача на навивачите да се подготват за шоуто на Енди Керол во реванш натпреварот од ФА Купот.

Двата тима одиграа 1-1 во првата средба на „Олд Трафорд“, па полуфиналистите ќе бидат познати по натпреварот во Лондон. 
Енди Керол е во одлична форма, а тоа го покажа и натпреварот со Арсенал минатиот викенд кога постигна три гола. 
„Го гледав неговото шоу против Арсенал. Керол има посебни квалитети, а тоа токму тогаш и можевме да го видиме. Арсенал има добри стопери, но Керол сепак успеа да постигна три гола. Мораме да излеземе на крај со него“, изјави Ван Хал.
Сепак, Холанѓанецот истакна дека „црвените ѓаволи“ мораат да ги чуваат и останатите играчи, бидејќи Вест хем има добар тим.
„Не е тука само Керол, има и други играчи, главен е Паје, како и Ланцини кои постигнуваат голови“, додаде менаџерот на „ѓаволите“.

Најнови вести