Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2016

Крај на сезоната за Швајнштајгер

Менаџерот на Манчестер јунајтед Луис ван Хал изјави дека е малку веројатно Бастијан Швајнштајгер да биде на теренот до крајот на сезоната поради повреда на коленото.

„Мислам дека Швајнштајгер нема да игра до крајот на сезоната. Можеби ќе биде подготвен за Европското првенство. Ништо не може да се предвиди, но тоа е можно“, изјави Ван Хал.
Манчестер јунајтед денеска (16 часот) во 34 коло од Премиер лигата ја пречекува отпишаната Астон вила, а Ван Хал наведе дека за овој натпревар нема да може да смета ниту на Андер Ерера кој се повреди на натпреварот против Вест хем.
Добра вест за навивачите на Манчестер јунајтед е тоа што капитенот Вејн Руни се враќа во тимот.

Најнови вести