Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2016

Раниери: Моите играчи никогаш не се откажуваат

Менаџерот на Лестер Клаудио Раниери изјави дека изедначувањето против Вест хем во последните моменти многу значи за неговиот тим на психолошки план.

„Многу сум среќен, бидејќи кога губите и ќе изедначите во последната минута, тоа е одлично за тимот на психолошки план“, изјави Раниери за британските медиуми. 
Фудбалерите на Лестер и Вест хем одиграа нерешено 2-2 во 34 натпревар од Премиер лигата. Бодот на лидерот во Премиер лигата го донесе Леонардо Улоа од пенал во 94-тата минута.
„Очекувавме тежок натпревар, имавме среќа во првата минута, но подоцна постигнавме гол и створивме шанси... Кога губевме покажавме одличен карактер, играчите даваа сè од себе, својата душа, сè. Тие никогаш не се откажуваат“, изјави Раниери.

Најнови вести