Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2016

Астон вила го суспендира Агбонлахор

Астон вила го суспендираше Габриел Агбонлахор и покрена истрага против него бидејќи тој бил на забава ноќта кога клубот испадна од Премиер лигата.

Според пишувањето на британските медиуми, Агбонлахор и претходно бил тргнат од тимот, а од клубот е изјавено дека физички на бил доволно подготвен.
Тој беше на кратко суспендиран и порано овој месец бидејќи беше сликан со наргиле во Дубаи, но клубот не презема никаква акција против него.
Платата на Агбонлахор во Астон вила, во која ја почна професионалната кариера, наводно изнесува 50 илјади фунти неделно, а овој напаѓач во текот на сезоната постигна само еден гол.
Астон вила испадна од Премиер лигата со поразот во неделата од Манчестер јунајтед со 1-0 на „Олд Трафорд“.Овој клуб е последен на табелата со само 16 бодови од 34 натпревари. 
Клубот во меѓувреме остана без менаџерот Реми Гард, а Управниот одбор го напуштија Дејвид Барнштајн и Лорд Кинг.

Најнови вести