Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2016

Ван Хал: Рашфорд сè уште не е подготвен

Тренерот на Манчестер јунајтед Луис ван Хал верува дека ја направил вистинската работа со пуштањето на младите играчи во првиот тим на „црвените ѓаволи“, но исто така тврди и дека одредени играчи сè уште не се подготвени.

Холандскиот стручњак од доаѓањето на клупата на Јунајтед му даде шанса дури на четиринаесет годишно момче од академијата на овој славен клуб, но Маркус Рашфорд и Тимоти Фосу-Менса се покажаа најдобро.
На прашањето дали заслугите за подготвеност на овие момци му припаѓаат на тренерот на тимот под 18 години, Пол Мекгинис и тренерот на тимот под 21 година Ворен Џојс, Ван Хал изјави:„ Тие не се подготвени, извинете но Маркус Рашфорд не е подготвен, тој знае дека може многу да научи“.
„Секогаш морате да имате храброст да внесете млади играчи во тимот, исто така и во првата постава, но нормално дека заслугите на овие млади момци одат на сметка на Академијата и на тренерот од Академијата. Исто така за нив се заслужни скаутите кои ги открија. Јас одработив само мал дел, но дел кој е многу битен бидејќи треба да се има храброст да се стори вакво нешто “, додаде Холанѓанецот.
Иако тврдеше дека Рашфорд не е подготвен, Ван Хал успеа да се пофали со играчите на кој токму тој им дал шанса.
„Во Ајакс шанса му дадов на Патрик Клајверт, тогаш имаше 18 години момчето, играше како Маркус Рашфорд што игра сега. Во Баерн Минхен тоа беше Томас Милер, во Барселона, Чави кој тогаш имаше 18 години и Иниеста кој имаше 17, а исто така беше и Тијаго Мота на 18 годишна возраст, кој сега игра во ПСЖ. Тоа не е чудно, ниту пак е проблем, квалитетот е тој кој се доведува во прашање“, изјави искусниот Холанѓанец.

Најнови вести