Корисничко име Лозинка Пријави се
29.4.2016

ПСЖ е подготвен да плати 100 милиони за Бускетс

Според пишувањето на шпанскиот весник „Марка“, ПСЖ е подготвен да плати 100 милиони евра на Барселона за да го доведе Серхио Бускетс.

Бускетс наскоро би требало да добие нов, подобрен договор на „Камп ноу“, а ПСЖ наводно сака да ги искористи проблемите во преговорите.
Францускиот тим има намера на Серхио Бускетс да му понуди договор вреден повеќе од 16 милиони евра годишно.
Исто така интерес за Бускетс пројавуваат Манчестер јунјатед и Манчестер сити.

Најнови вести