29.4.2016 Шок во Дортмунд – Хумелс бара раскинување на договорот
Дефанзивниот играч на Борусија Дортмунд Матс Хумелс бара раскинување на договорот за на крајот од сезоната да може да помине во Баерн Минхен.
Хумелс е еден од најдобрите фудбалери на клубот од Дртмунд, како и стандарден репрезентативец на првакот на светот, Германија.
Борусија во соопштението на својата интернет страница потврди дека Хумелс бара раскинување на договорот, но и дека шампионот на Германија Баерн Минхен сè уште нема пратено понуда за 27-годишниот централен дефанзивец.
Ако Хумелс помине во редовите на големиот ривал ќе стане трет фудбалер на Борусија Дортмунд кој во последните неколку сезони поминал во Баерн, по Роберт Левандовски и Марио Гетце.
Хумелс ја започна кариерата токму во Баерн, каде главно играше за вториот тим, за во сезоната 2008/09 да дојде во Борусија Дортмунд како позајмен играч, а година дена подоцна потпиша договор со клубот од „Сигнал Идуна парк“.
Одигра 297 натпревари за Борусија и постигна 25 голови, освои две шампионски титули со тимот на Борусија, Куп, два Суперкупа и играше во финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2013/14.
За репрезентацијата на Германија до сега одигра 46 натпревари и постигна четири голови, а во 2014 година го освои Светското клупско првенство во Бразил.