Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2016

Фрајбург се врати во Бундеслигата

На две кола пред крајот во германската Цвајте лига фудбалерите на Фрајбург го потврдија пласманот во Бундеслигата откако му избегаа на трето пласираниот Нирнберг на десет бодови со натпревар повеќе.

Со победата на гостувањето против Падерборн во 32-то коло во германската Цвајта, фудбалерите на Фрајбург обезбедија пласман во повисокиот ранг на натпреварувањето.
Фрајбург како гостин славеше против Падерборн со резултат од 2-1(0-0) па на само две кола пред крајот на шампионатот стекна десет бодови предност во однос на трето пласираниот Нирнберг кој има еден натпревар помалку.
Тимот од југозападна Германија експресно се врати во Бундеслигата, а веќе во следното коло освоениот бод ќе му ја донесе титулата на првак во Цвајта, бидејќи Лајпциг како второ пласиран во лигата има пет бодови помалку на само две кола пред крајот.
Поденакво интересно ќе биде и во борбата за опстанок бидејќи последно пласираниот Падерборн има три бодови помалку од Минхен 1860 кој го зазема 14-тото место во лигата од 18 клубови од кои директно испаѓаат два тима.

Најнови вести