Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2016

Крон-Дели ги повреди лигаментите на коленото

Офанзивниот играч на Севилја Михаел Крон-Дели ќе биде опериран откако се повреди на натпреварот во полуфиналето во Лигата на Европа против Шахтар Донецк, соопшти клубот од Андалузија.

Севилја, бранителот на трофејот во Лигата на Европа, и Шахтар во четвртокот одигра нерешено 2-2, а данскиот фудбалер на тој натпревар доживеа сериозна повреда на коленото.
Него никој не го фаулираше, коленото му се измести, а глетката беше толку потресна што сите фудбалери од двата тима се фатија за глава.
Тој на носила беше изнесен од теренот во 73-тата минута, само петнаесет минути откако влезе во игра.
Крон – Дели во Севилја пристигна на почетокот на оваа сезона од Селта Виго.
Реванш натпреварот во полуфиналето на Лигата на Европа меѓу Севилја и Шахтар ќе се одигра следната седмица во Шпанија.

Најнови вести