Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2016

Покетино во Тотенхем до 2021 година

Пред само неколку дена менаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино зборуваше дека сонува за преземање на ПСЖ, а потоа го продолжи договорот со Тотенхем.

На Покетино му имаа останато уште три години од договорот со клубот од Лондон и потенцираше дека нема да избрзува со преговорите за продолжување на договорот.
44-годишниот стручњак од Аргентина вчера го продолжи договорот за соработката со лондонскиот клуб Тотенхем до 2021 година, кој во моментов е на второто место во Премиер лигата.
Покетино во текот на својата кариера ги предводеше Еспањол и Саутхемптон, пред да го преземе тимот од „Вајт харт лејн“ во мај 2014 година.
Овој викенд Тотенхем го очекува тежок дуел со Челзи, но Лестер може да ја освои титулата доколку го победи Манчестер јунјатд.
„Разликата е седум бодови, а останаа уште девет бодови до крајот. Тешко е, но мораме да веруваме. Најважно е да ги освоиме нашите натпревари. Вербата е најважниот збор во фудбалот. Морате да работите вредно и да имате јасен план. Ние и понатаму веруваме и сонуваме, но сме и многу реални. Разликата е голема, но мораме да се бориме“, изјави Покетино.

Најнови вести