Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2016

Вардар не успеа да избори полуфинале во Веспрем

Вардар одигра нерешено 30-30 на реваншот од четврт-финалето во ракометната Лига на шампиони во Веспрем и по поразот на првиот меч во Скопје 29-26 по трет пат не успеа да се избори за пласман на Фајнл фор во Келн.

Вардар го почна натпреварот одлично и по осум минути игра имаше водство од 4-1, а две минути подоцна преку Душебаев зголеми на 6-2. Вардарци покажаа дека во Веспрем се дојдени да го анулираат заостатокот од првиот натпревар и играа одлично и во одбраната и во нападот.
Во 17-тата минута македонскиот шампион имаше предност од 4 гола, 10-6, и ја  одржуваше до самиот крај на полувремето. Во самиот финиш беше 14-10, а потоа домаќинот постигна два гола по ред за надеж за второто полувреме.
Вториот дел унгарскиот тим го почна фуриозно и израмни на 15-15, а потоа се играше гол за гол. Во 40-тата минута Веспрем првпат направи предност од 2 гола за водство 20-18. Вардар не се предаде и на 8 минути до крај израмни на 26-26 за нова неизвесност.
Вардарци повторно поведоа, но домаќинот не дозволи да се одлепат и до крајот одговори на секој постигнат гол, па во финишот резултатот беше 29-29. Во последниот напад Вардар можеше да дојде и до победата, но Брумен не го совлада голманот на домаќинот.
Вардарци својот европски поход по трет пат го завршуваат меѓу осумте најдобри во Европа што не му успеало на ниту еден друг македонски клуб.

Најнови вести