Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2016

Торонто ја исфрли Индијана

Кошаркарите на Торонто се последните учесници во полуфиналето од плеј-офот во НБА лигата по победата над Индијана во мајсторката.

Торонто во седмиот натпревар во „Ер Канада“беа на вистинското ниво и славеа победа во плеј-оф серијата со резултат од 89:84.
Ова беше прва победа на Торонто во плеј-офот по 15 години и триумфот во пет натпревари против Њујорк Никс. На натпреварот доминираше Демар Дерозен со 30 поени и 5 скокови, додека Јонас Валанчунас додаде 10 поени и 15 скокови. Норман Пауел додаде 13 поени, додека Кајл Лаури и Патрик Патерсон натпреварот го завршија со по 11 постигнати поени.
Во поразениот тим најдобар беше Пол Џорџ со 26 поени и 12 скокови, Џорџ Хил кој додаде 19 поени, а Монта Елис 15 поени.
Торонто во полуфиналето на Истокот ќе се сретне со Мајами, кој исто така со 4-3 ги елиминираше     Шарлот хорнетс.

Најнови вести