Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2016

Барселона до крајот на сезоната без Браво

Првиот избор на Луис Енрике меѓу стативите во Примера доживеа повреда на листот.

Клаудио Браво ја напушти клиниката во Барселона во придружба на докторот Рикардо Пруне, а каталонските медиуми пренесуваат дека Чилеанецот ќе го пропушти градското дерби со Еспањол.
Со прегледот е потврдена повредата на листот на десната нога и тој сосема сигурно нема да биде подготвен за натпреварот против Еспањол, додека неговиот настап во последното коло против Гранада е под голем знак прашалник.
На Барселона и е потребна оваа победа, но и победите во останатите два натпревари за да ја одбрани титулата, шеста во последните осум години.

Најнови вести