Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2016

Барнли се врати во Премиер лигата

Барнли само едно коло пред крајот на Шампионатот има 90 бодови и се наоѓа на првото место, со два бода повеќе Мидлсборо и Брајтон, кој ќе се сретнат меѓусебно во последното коло.

Тоа значи дека Барнли во секој случај ќе биде на едно од првите две позиции кои водат директно во елитното натпреварување.
Барнли ја заврши работата со минималната победа вчера над Квинс парк ренџерс.
Голот вреден за Премиер лигата го постигна Сем Вокс половина час пред крајот на натпреварот.
Што се однесува до другиот тим кој ќе оди директно во Премиер лигата е Мидлсборо кому му е доволно и реми во последното коло, бидејќи имаат еден бод предност пред Брајтон.
Што се однесува до местата во баражот за третиот патник во елитата, таму ќе се борат Хал, Дерби и Шефилд вензди.

Најнови вести