Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2016

Револуција во Англија, Лестер е шампион!

Фудбалерите на Лестер неочекувано станаа шампиони на англиската Премиер лига за сезоната 2015/16.

„Лисиците“ до првиот шампионски трофеј во клупската историја стигнаа две кола пред крајот на сезоната, а подарокот им го врачи шампионот кој си заминува, Челзи.
Тимот од Лондон во градското дерби се избори со реми резултат со Тотенхем 2-2, иако имаше два гола заостанување по првото полувреме на „Стемфорд бриџ“. 
Така Лестер на две кола пред крајот остана на недостижните седум бодови пред Тотенхем, па во следното коло ќе ја слави историската титула против Евертон, на својот „Кинг Пауер“ стадион.
Во конкуренцијата со Манчестер јунјатед, Арсенал, Тотенхем, Челзи, Манчестер сити и Ливерпул, титулата ја освои тим кој минатата сезона едвај избегна да испадне во понискиот ранг.
Под водството на многу често оспоруваниот стручњак Клаудио Раниери, а предводен на теренот оваа сезона од анонимусите Канте, Марез и Варди, Лестер стана 24-тиот клуб кој ја освоил шампионската титула во елитниот фудбалски ранг во Англија.
Титулата им ја врачи Еден Азар, со фантастичниот гол во 83-тата минута на „Стемфорд бриџ“ за изедначувањето против шокираниот Тотенхем, кој го загуби чекорот во борбата за титулата со нерешените резултати во последните два натпревари.


Најнови вести