03.5.2016 Енрике на клупата на Барселона до крајот на договорот
Тренерот на Барселона Луис Енрике ќе остане на клупата на каталонскиот тим уште најмалку година дена, пренесува шпанскиот весник „Спорт“.
Како што се наведува, иако во последно време се шпекулираше дека би можел да замине по лошите партии во последно време, Луис Енрике ќе го одработи договорот до крајот, односно до летото 2017 година.
Луис Енрике, по елиминацијата во четврт-финалето во Лигата на шампионите, има можност да ја освои „двојната круна“ во Шпанија, бидејќи се наоѓа на првото место на табелата на Примера, но со истиот број на бодови како и Атлетико Мадрид, додека го очекува финалето во Кралскиот куп против Севилја.
Тој во првата сезона во Барселона ја освои „тројната круна“, како и УЕФА Суперкупот и Светското клупско првенство.