Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2016

Баерн или Атлетико – кој ќе оди во финалето?

Вечер на програмата е првиот реванш натпревар во полуфиналето на елитното натпреварување. Во Минхен, Баерн на домашен терен ќе го пречека Атлетико Мадрид и ќе се обиде да го анулира минималниот пораз од „ Висенте Калдерон“.

Баварците сакаат да се пласираат во своето четврто финале во последните шест сезони, додека пак „јорганџиите“ ја сонуваат одмаздата за поразот во финалето во Купот на шампионите од 1974 година.
Атлетико ги доби последните седум натпревари во сите натпреварувања, а при тоа не прими погодок цели 602 минути.
Од друга страна пак Баерн загуби само два пати на домашен терен во последните 23 натпревари со шпанските тимови.
„Не смееме да размислуваме за тоа колку голови треба да постигнеме. Пред сè, мораме да размислуваме како добро да се одбраниме и да го контролираме ритамот на натпреварот. Она што го сакаме се головите. Атлетико се брани многу добро, но исто така се одлични и во нападот. Многу е комплицирано да се игра против тим кој игра така. Се познаваат многу добро, но јас сум сигурен дека ќе направиме шанси, иако можеби не премногу“, изјави Пеп Гвардиола.
Шампионот на Германија ја пропушти можноста овој викенд да ја потврди четвртата по ред титула во Бундеслигата, во реми натпреварот со Борусија Менхенгладбах на „Алијанц арената“, додека Атлетико запиша минимален триумф со вториот тим против Рајо Валјекано.
„Фудбалот е фантастичен спорт и постојат толку многу начини на кои можете да го играте, нормално зависно од играчкиот кадар со кој располагате. Целата наша работа претходните години сега се исплати. Имаме искусни момчиња, помешани со неколкумина нови играчи и навистина е големо уживање да работите со нив. Бевме доволно остри во првиот натпревар, а ќе видиме колкава ќе биде острината во Минхен, а тоа зависи од нивната игра. Секој натпревар е поинаков, но ние можеме да победиме, тоа е нашиот план“, изјави Диего Симеоне. 
Можни состави:
Баерн Минхен: Ноер- Лахим, Мартинес, Боатенг, Алаба – Саби Алонсо, Видал – Коста, Рибери, Милер- Левандовски
Атлетико Мадрдид: Облак – Хуанфран, Хименес, Годин, Филипе Луис- Габи, Аугусто, Коке, Саул- Гриезман, Торес

Најнови вести