Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2016

Сити без Туре и Силва на „Сантијаго Бернабеу“

Манчестер сити ќе биде значително ослабен во реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

Менаџерот Мануел Пелегрини не може да смета на двајца од своите клучни играчи од средниот ред, Јаја Туре и Давид Силва.
Силва ја повреди задната ложа во првиот дуел со Реал минатиот вторник (0-0), Туре пак поради проблеми со бутните мускули е надвор од теренот од 23-ти април.
Беше очекувано дека искусниот играч за врска би можел да закрепне до денешниот реванш натпревар со Реал, тренираше со тимот, но сепак тој и Силва не се најдоа во авионот за Мадрид.
Пелегрини минатиот викенд ги одмараше останатите важни играчи, капитенот Винсан Компани, крилниот играч Кевин де Бројне и најдобриот стрелецСерхио Агуеро во поразот од Саутхемптон со 4-2.

Најнови вести