Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2016

Гвардиола: Го дадов животот за Баерн, жал ми е за играчите

Тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола по елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека го даде својот живот на Баварците.

Шампионот на Германија е елиминиран од страна на Атлетико Мадрид, благодарејќи на голот во Минхен (2-1), по минималната победа пред своите навивачи минатата седмица.
„Го дадов животот за овој тим, се борев со сите сили и дадов сè од себе. Тоа е сè. Не успеавме да се пласираме во финалето, но горд сум на тимот. Игравме на начин каков што посакував“, изјави Гвардиола.
Шпанецот по три години во Германија и исто толку освоени Бундеслигашки титули го напушта Баерн, а од следната сезона ќе седне на клупата на Манчестер сити.
„Единствено што ни недостасуваше беше гол, а најмногу ми е жал за играчите“, заклучи Гвардиола кој по трет пат беше сопрен во полуфиналето на ова елитно натпреварување.

Најнови вести