Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2016

Симеоне: Да го погодеа пеналот...

Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне смета дека пеналите беа клучен фактор во реванш натпреварот во полуфиналето од Лигата на шампионите со Баерн.

Двата тима утнаа пенал во Минхен каде Баерн славеше 2-1, но Атлетико помина благодарејќи на голот во гости, бидејќи победи со 1-0 на домашен терен.
„Да го погодеа пеналот за 2-0 ќе беше многу тешко, а ние ќе решевме сè ако Торес постигнеше погодок. Бевме очајни во завршницата, но се носевме храбро и на крајот се радувавме“, изјави Симеоне.
Баерн доминираше во текот на целиот натпревар на „Алијанц арената“, но не успеваше да ја пробие одличната одбрана на Атлетико.
„Го видов Баерн многу силен, во пресинг, во играта и во брзината. Беа фантастични во првото полувреме, ние малку реагиравме, а во второто полувреме играта не беше иста, бевме изедначени, одлично ги одигравме контра нападите“, додаде Аргентинецот. 
Атлетико се пласираше во финалето од Лигата на шампионите втор пат во последните три години, во 2014 година беше поразен од градскиот ривал Реал по продолженијата, а сега ќе има шанса за прв пат да стане првак во Европа. 
„Лигата на шампионите е спектакуларно натпреварување кое е многу тешко. Да се совладаат два од трите најдобри тимови во светот носи голема мака и страдање, но се играат 180 минути“, заклучи Симеоне.
Атлетико Мадрид ривалот во борбата за трофејот на 28-ми мај на „Џузепе Меаца“ ќе го дознае по денешната средбата на Реал Мадрид и Манчестер сити од 20:45 часот на „Сантијаго Бернабеу“. Првиот дуел заврши без погодоци.

Најнови вести