Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2016

Лука Тони ја завршува кариерата

Напаѓачот на Верона Лука Тони објави дека ќе се пензионира на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Тони има 38 години, а професионалната кариера ја започна во Модена во 1994 година.
Играше за бројни италијански клубови, а особено се истакна настапувајќи за Палермо. Меѓу останатите беше член на Јувентус, Фиорентина и Рома, а од клубовите во странство настапуваше за Баерн Михен и Ал Наср од Дубаи.
Овој напаѓач никогаш не беше шампион на Италија, додека со Баерн освои две „двојни круни“ во Германија.
Најголемиот успех во кариерата го имаше со репрезентацијата на Италија, со која го освои Светското првенство во Германија во 2006 година, а тогаш беше член на идеалната постава на шампионатот.
Исто така два пати беше најдобар стрелец во италијанската Серија А, еднаш во германската Бундеслига, а во сезоната 2005/06 ја освои „Златната копачка“ во Европа.

Најнови вести