Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2016

На Дембеле му се заканува суспензија од 10 натпревари

Играчот за врска на Тотенхем Муса Дембеле би можел да биде суспендиран на следните 10 натпревари во Премиер лигата поради физичкиот контакт со Диего Коста.

Фудбалерот на Тотенхем Муса Дембеле како што можеше да се види на снимките, намерно му брцна во око на Коста во текот на натпреварот меѓу Челзи и Тотенхем (2-2).
Потегот на Белгиецот му се провлече на главниот арбитрар Марк Клатенберг и на помошниците, кои едвај успеаја да ги воздржат страстите на теренот во првото полувреме, но потегот остана забележан кај дисциплинските органи. 
Фудбалската асоцијација на Англија има намера потегот на Муса Дембеле да го третира еднакво како нападот на Луис Суарес на Бранислав Ивановиќ, кога Уругваецот го касна за рака дефанзивниот играч на Челзи, што значи дека Дембеле ќе добие сериозна казна.

Најнови вести