Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2016

Харт: Агуеро се закани само еднаш на двата натпревари

Голманот на Манчестер сити Џо Харт беше искрен по поразот во полуфиналето од Лигата на шампионите изјавувајќи дека неговиот тим не заслужил да оди понатаму.

Сити во двојниот натпревар со Реал беше поразен со 1-0, а одлучувачкиот гол во реванш натпреварот го постигна Герет Бејл во 20-тата минута, по одбивање.
„Едноставно го немавме она малку што ни недостигаше. Агуеро се закани дури во 88-та минута. Тоа беше добар обид, но дали беше тоа доволно за два натпревари? Не знам“, јасно изјави Харт што мислеше за својот тим во нападот.
Елијаким Мангала влезе од клупата по повредата на Компани, а по натпреварот жалеше за несреќно примениот гол.
„Примивме гол по одбиена топка. По тоа Реал одработи добра работа и ја задржа предноста. Не успеавме да постигнеме гол. Сепак, горди сме што стигнавме до полуфиналето. Испаднавме од поискусен тим“, изјави Мангала.

Најнови вести