Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2016

Рајола: Ибрахимовиќ би можел да се врати во Милан

Фудбалерот на ПСЖ Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати во Милан, откри неговиот менаџер Мино Рајола.

„Постои можност Златан да се врати во Италија, поточно во Милан“, изјави Рајола.
Договорот на Ибрахимовиќ со Парижаните му истекува на крајот на сезоната и како слободен играч има опција да се врати на „Сан Сиро“ од каде во 2012 година дојде во ПСЖ.
Швеѓанецот за две години со „росонерите“ ја освои Серија А и Суперкупот на Италија, а постигна 56 голови на 85 натпревари.
Тој порано најави дека нема да ја продолжи соработката со ПСЖ, а тоа сакаа да го искористат клубовите од Кина, САД и Англија.

Најнови вести