Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2016

Муслин е новиот селектор на Србија

Славниот српски стручњак Славољуб Муслин е новиот селектор на Србија.

Информацијата дека Муслин би можел да ги преземе „орлите“ се појави уште пред Радован Ќурчиќ да ја напушти клупата на српските фудбалери.
До разделбата на Ќурчиќ и Фудбалскиот сојуз на Србија дојде минатата седмица, а промоцијата на новиот селектор беше закажана за денес. Муслин пристигна во Спортскиот центар во Стара Пазова и чека официјална промоција.
Муслин во текот на својата богата кариера водеше голем број на клубови, меѓу кои се Црвена ѕвезда, Бордо, Ле Ман, Левски, Металург, Локомотив Москва, Локерен и Стандард.
Новиот селектор треба за прв пат да се најде на клупата на Србија на 25-ти мај во пријателскиот натпревар со Кипар во Ужице, а шест дена подоцна „орлите“ во Нови Сад ќе се сретнат со Израел, додека пак на 5-ти јуни во Монте Карло на програмата е дуелот со Русија.

Најнови вести