06.5.2016 Марселино: Горди сме, Ливерпул е одличен тим
Тренерот на Вилјареал Марселино е горд на својот тим и покрај испаѓањето во полуфиналето од Лигата на Европа.
Шпанскиот тим беше поразен од Ливерпул со 3-0 додека пак во првиот натпревар славеше со минимален резултат.
По шпанското финале во Лигата на шампионите, сепак нема да биде видено уште едно шпанско финале во второто по ранг клупско натпреварување, а Ливерпул ќе се бори за трофејот на 18-ти мај во Базел со Севилја.
„Им честитам на моите играчи на сè што сторија оваа сезона, во овој натпревар дадовме сè од себе и можеме да бидеме горди на себе. Овој пат се спротивставивме на одличен тим, па мораме да му честитаме на Ливерпул за пласманот во финалето“, изјави тренерот на Вилјареал.