Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2016

Гвидолин награден за успешно извршената работа

Тренерот на фудбалерите на Свонси Франческо Гвидолин го продолжи договорот со клубот за уште две години, откако успеа да се избори за опстанок во Премиер лигата.

Гвидолин на клупата на Свонси го замени Гери Монк, кој уште на почетокот на декември минатата година доби отказ по серијата од лоши резултати.
Свонси беше во зоната за испаѓање кога 60-годишниот италијански тренер го презема тимот.
Сопственикот на Свонси, Хју Џенкин, изјави дека Гвидолин „во целост ја заслужи шансата да продолжи со добрата работа“.
Свонси коло пред крајот на првенството на Англија го зазема 11-тото место со 46 бодови, а овој викенд ќе го пречека Манчестер сити.

Најнови вести