Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2016

Мурињо: Се враќам во јули, не знам ништо за Јунајтед

Португалскиот тренер Жозе Мурињо го најави своето враќање во светот на фудбалот од ова лето.

Мурињо во декември доби отказ од Челзи, а во меѓувреме се шпекулираше дека ќе го преземе Манчестер јунајтед.
„Нормално дека ми недостига работата, се враќам во јули. Сега е мај, од мај до јули нема многу. Моментално уживам со семејството, но во јули се враќам“, изјави Мурињо.
Навивачите на „Олд Трафорд“ се надеваат на доаѓањето на поранешниот тренер на големиот ривал, бидејќи Јунајтед под водството на Луис ван Хал веројатно ќе го пропушти настапот во Лигата на шампионите.
„Навистина не знам ништо за тоа, немам клуб. Чекав овие момци (го водеше тимот на ФИФА легендите на Ол-стар натпреварот во Мексико) да победат и да ми помогнат, но загубив (9-8) и сега ќе ми биде потешко да најдам клуб“, се пошегува Португалецот.

Најнови вести