Корисничко име Лозинка Пријави се
20.5.2016

Леверкузен го доведе капитенот на Мајнц

Германскиот фудбалски клуб Баер Леверкузен потпиша договор со досегашниот капитен на Мајнц, Јулијан Баумгартлингер.

Овој 28-годишен играч за врска потпиша четиригодишен договор. Баумгартлингер е еден од најзаслужните за тоа што Мајнц го освои шестото место и се пласираше во квалификациите за Лигата на Европа.
„Поминав навистина успешно време во Мајнц, но сега би сакал да направам уште еден чекор напред. Леверкузен е стандарден клуб во Лигата на шампионите, во која со години редовно игра. Би сакал да се обидам на тоа ниво, против најдобрите клубови и играчи во Европа. Многу сум радосен што добив шанса во Леверкузен“, изјави Баумгартлингер.
Тој е стандарден репрезентативец на Австрија. Во Мајнц дојде во 2011 од Австрија Виена,а за германскиот клуб одигра 124 натпревари и постигна два гола.

Најнови вести