Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2016

Ван Хал: Готово е

Сите англиски медиуми во саботата објавија дека Жозе Мурињо ќе го наследи Луис ван Хал на клупата на Манчестер јунајтед, но сè уште нема официјална потврда.

Клубот од „Олд Трафорд“ сè уште не се огласи по повод оваа информација, но најава за крајот на соработката со Јунајтед е кратката изјава на Холанѓанецот. 
Тој на новинарите на „Скај спорт“ по излегувањето од хотелот во неделата наутро само кратко им изјави: „Готово е“.
Јунајтед во саботата во Лондон го освои ФА Купот совладувајќи го Кристал палас со 2-1, па Ван Хал би можел да го напушти „Олд Трафорд“ во стил, иако зад себе имаше уште една неуспешна сезона. 
Тимот од „Олд Трафорд“ заврши на петтото место на табелата и нема да игра во Лигата на шампионите, а тоа е наводно и најголемата причина поради која Мурињо ќе го замени Ван Хал.

Најнови вести