Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2016

Кралско збогување на Ибрахимовиќ со ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ го освоија по четврти пат домашниот трофеј оваа сезона.

Парижаните по Суперкупот во август, Лига 1 и Лига Купот, дојдоа до трофејот во Купот на Франција откако во финалето го совладаа Олимпик Марсеј со резултат од 4-2.
ПСЖ поведе уште во втората минута со голот на Матуиди, но во 12-тата минута Товен изедначи на 1-1 и со тој резултат заминаа на полувреме.
Во второто полувреме на сцената стапи Златан Ибрахимовиќ, прво во 47-та минута постигна погодок од белата точка, Кавани го потврди триумфот, но потоа Швеѓанецот го постигна својот 50-ти погодок во сите натпреварувања оваа сезона. 
Единствено што Марсеј успеа е преку Батшуаји да намали во самиот финиш на натпреварот. 
Лоран Блан во последната минута одлучи да го извади Ибрахимовиќ од игра, а навивачите го испратија со големи овации.
Тој во текот на четирите години во Париз освои 12 трофеи, четири Лига 1, два Купа на Франција и по три Лига Купови и Суперкупот на Франција.

Најнови вести