Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2016

Оклахома го декласира шампионот за 2-1

Кошаркарите на Оклахома го победија Голден стејт на домашен терен со 133:105 и поведоа со 2-1 во финалната серија на Западната конференција во НБА лигата.

Во првите три четвртини  Оклахома постигна неверојатни 117 поени и потполно ја разби одбраната на Вориорс. 
Најголема разлика тимот на Били Донован постигна во втората (38:19) и во третата четвртина (45:33), па најдобрите играчи во двата тима одмараа во финишот.
Расел Вестбрук повторно заблеска со 30 поени, 12 асистенции и 8 скокови, а Кевин Дурант имаше 33 поени и 8 скокови. Робертсон и Вејтерс додадоа по 13, а Ибака со 8 скокови постигна 14 поени.
Шампионот има пад на формата во плеј-офот и во продолжението на серијата ќе мора да го подигне нивото на играта. Оклахома повторно, како и во првиот натпревар во серијата, го надскока ривалот со (52-38). 
Во составот на Вориорс Стефен Кари имаше 24 поени и 5 скокови, но и 3-11 за три поени, Томпсон додаде 18 поени, а Демонд Грин постигна 6 поени, 4 скока и 1-9 од игра.

Најнови вести