Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2016

Ван Хал доби отказ од Јунајтед

Холандскиот фудбалски стручњак Луис ван Хал е променет од местото менаџер на Манчестер јунајтед.

Ван Хал доби отказ по сезоната во која Јунајтед заврши на петтата позиција во Премиер лигата и го освои ФА Купот, а како што најавуваа англиските медиуми во претходните денови, на неговото место на клупата ќе дојде Жозе Мурињо, чија официјална презентација се очекува во следните денови.
Во текот на кариерата Ван Хал ги водеше тимовите на Ајакс, Барселона, АЗ Алкмар, Баерн Минхен, како и репрезентацијата на Холандија.
Најголемите успеси ги оствари со Ајакс, со кој три пати беше шампион на Холандија, а покрај многубројните домашни трофеи ја освои и титулата во Лигата на шампионите.

Најнови вести