Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2016

Евра уште две години во Јувентус

Фудбалерот на Јувентус Патрис Евра ќе го продолжи договорот со клубот на уште две години, пренесуваат италијанските медиуми.

Евра во 2014 година како слободен играч од Манчестер јунајтед помина во Јувентус и оттогаш освои две двојни круни по ред со црно-белите.
„Да, прифатив, ќе останам уште две години во Јувентус“, изјави Евра за „Газета дело спорт“.
Евра до сега одигра 68 натпревари и постигна три голови за Јувентус.

 

Најнови вести